Достапни линкови

Средба за иранската нуклеарна програма во декември


Меѓународната агенција за атомска енергија рече дека Иран се согласил да се одржат нови разговори околу тоа дали да се дозволи истрага во врска со нејзината нуклеарна програма. Портпаролот на агенцијата, Гил Тудор изјави дека новата рунда разговори ќе се одржи на 13 декември, во Техеран. Веста доаѓа откако генералниот директор на МААЕ, Јукио Амано, на 5 ноември упати предупредување до генералнотот собрание на ООН дека има релевантни докази дека Иран презема активности во насока на развивање на нуклеарна програма но дека напорите да се натера Иран да даде повеќе информации околу тоа не даваат резултати.
XS
SM
MD
LG