Достапни линкови

Разговори за обединување на сириjската опозиција


Се очекува денеска сириската опозиција да ги продолжи разговорите во Катар околу формирањето нова опозициска организација поддржана од Запад која ќе ја интензивира борбата против режимот на претседателот Башар ал Асад. САД и другите западни и арапски поддржувачи на сириската опозиција побараа формирање на широк фронт кој би побарал меѓународно признавање, да се координира со бунтовниците и активистите во Сирија и да се подготви за преодна влада. Сирискиот национален совет до сега е обвинуван за тоа што исклучува некои групи и нема воспоставено врски со бунтовниците во внатрешноста на Сирија.
XS
SM
MD
LG