Достапни линкови

logo-print

Директорот на ЦИА си поднесе оставка


Досегашниот директор на Централната разузнавачка агенција, ЦИА, Дејвид Петреус, си поднесе оставка. Петреус, кој е 37 години во брак со својата сопруга, во изјава призна дека е во вонбрачна афера што го прави неподобен за понатамошно извршување на функцијата. На местото директор од заменичката позиција е именуван Мајкл Морел. Претседателот Обама ја прифати оставката пофалувајќи го Петреус како еден од најистакнатите генерали во неговата генерација и рече дека ЦИА ќе продолжи да напредува. Петреус ја извршуваше функцијата од 2011 година.
XS
SM
MD
LG