Достапни линкови

Филе: можни преговори и без решен спор за името


еврокомесарот за проширување Штефан Филе

еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Македонија во следната година може да ги започне преговорите со Европската унија и без да биде решен долгогодишниот спор за името со соседна Грција, смета еврокомесарот за проширување Штефан Филе. „Од Скопје и Атина доаѓаат позитивни сигнали кои покажуваат дека решавањето на спорот за името може да следи по започнувањето на пристапните преговори, а не да биде предуслов за нивно започнување“, рече Филе во денешното интервју за агенцијата Ројтерс. Според еврокомесарот, бесконечното држење на Македонија во чекалната на ЕУ создава ризик од појавување меѓуетнички тензии. „Цврсто веруваме дека во раната фаза на преговорите може да се создаде неопходниот импулс не само за разговори за проблемот за името, туку и за негово конечно решавање“, изјави Филе.
XS
SM
MD
LG