Достапни линкови

Иран најавува дека ќе го брани територијалниот интегритет


Иран соопшти дека решително ќе се справи со сите нарушувања на воздушниот простор, или какви било повреди на неговиот територијален интегритет. До ваквиот коментар доаѓа откако Пентагон соопшти дека ирански авиони нападнале едно американско безпилотно летало во меѓународен воздушен простор кај Персискиот Залив. Претставник на иранската армија изјави дека доколку некој странски авион се обиде да влезе во воздушниот простор на Иран, армијата ќе се справи со него.
XS
SM
MD
LG