Достапни линкови

Декриминализација на клеветата и навредата


Пратениците во рамки на 45. седница денеска едногласно го донесоа дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со што, меѓу другото, се предвидува декриминализација на навредата и клеветата. Пратениците ја започнаа дебатата за Дополнетиот предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во второ читање.

Со дополнетиот предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик се бришат повеќето кривични дела од главата која што се однесува на честа и угледот. Во Кривичниот законик во оваа глава остануваат само четири кривични дела и тоа: повреда на угледот на РМ, излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците, повреда на угледот на странска држава и повреда на угледот на меѓународна организација. Меѓутоа и за овие кривични дела наместо досегашната казна затвор се пропишува исклучиво парична казна.
XS
SM
MD
LG