Достапни линкови

Парламентот ги изгласа измените во изборното законодавство


Собранието на Република Македонија денеска на продолжението на 45. седница ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик и на Законот за финансирање на политичките партии.
Расправата за Изборниот законик заврши синоќа, а во овие измени и дополнувања се предвидуva одделување на државата од политичките партии, обезбедување правна заштита од незаконско финансирање на изборната кампања, транспарентност во работењето на Државната изборна комисија и дефинирани рокови за донесување судски одлуки по приговори поднесени од Советот за радиодифузија.
Со измените се предвидува политичките партии на својата веб страница да го објавуваат регистарот на донации на секои шест месеци, потоа Министерството за финансии најмалку еднаш годишно да спроведува обуки за партиите за материјално финансиско работење и начинот на пополнување на годишниот финансиски извештај.
XS
SM
MD
LG