Достапни линкови

Законот за бранители во меѓуетнички клинч


Министерот за одбрана Фатмир Бесими, придружуван од армиска делегација, положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во Слупчане.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими, придружуван од армиска делегација, положи цвеќе на споменик на припадниците на ОНА во Слупчане.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ инсистираат на носење на законот за бранители. ДУИ и ДПА уверуваат дека нема да дозволат донесување на законот без решавање на прашањето за поранешните припадници на ОНА.

ДУИ уверува дека нема да дозволи донесување на законот за бранители ваков како што е предложен. Партискиот портпарол, Бујар Османи, вели дека ако законот важи за сите, вклучително и за борците на ОНА, тие се подготвени да го прифатат.
Ќе ги искористиме сите механизми да го блокираме законот. И да заврши евентуалната амандманска расправа после неколку години, колку што ќе одземе таа расправа, има и следен механизам којшто ќе спречи донесување на законот.

„Ќе ги искористиме сите механизми да го блокираме законот. И да заврши евентуалната амандманска расправа после неколку години, колку што ќе одземе таа расправа, има и следен механизам којшто ќе спречи донесување на законот.“
Пратеникот Зијаден Села од Демократската партија на Албанците за време на собраниска дебата за Законот за бранители.

Пратеникот Зијаден Села од Демократската партија на Албанците за време на собраниска дебата за Законот за бранители.


РСЕ: Кој е тој следен механизам?

„Има различни механизми во Собранието, како ќе има потреба да се користат, тие ќе се користат, меѓутоа сите тие механизми ќе бидат демократски, институционални и во согласност со деловникот на Собранието“, вели Османи.
Кај биле овие пратеници, патриоти под наводници, 10 години што не се грижеле за децата на тие бранители итн., и обратно, кај биле и кај се пратениците на ДУИ, тие што пред секој изборен циклус ветуваат дека ќе го решат проблемот на борците на ОНА.

Пратеникот Зиадин Села од ДПА, кој вчера со прослави со изјавите дека ќе го запали парламентот за да спречи донесување на законот, вели дека токму владејачката коалиција, со туркањето на законот, е таа што пали симболички огнови. Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се обидуваат политички да поентираат преку законот.

„Кај биле овие пратеници, патриоти под наводници, 10 години што не се грижеле за децата на тие бранители итн., и обратно, кај биле и кај се пратениците на ДУИ, тие што пред секој изборен циклус ветуваат дека ќе го решат проблемот на борците на ОНА.“

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ претпладнево не беа достапни за коментар.

Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка вели дека предлог-законот беше ставен во собраниска процедура како реакција на поклонувањето на министерот Бесими на споменикот на ОНА во Слупчане, потоа страните се вкопаа во своите позиции и сега веројатно нема бегање од тоа. Кржаловски, кој изработи анализа за Законот за бранители, вели дека ако проблемот не се подели на неколку делови, за некако да се третира и прашањето на членовите на ОНА, процесот не може да се одблокира.

„Да ги поделиме залците на толку колку што можеме да голтнеме. Очигледно дека ова не може одеднаш да се голтне, а треба да се истретираат сите прашања, односно и прашањето на бранителите, и прашањето на припадниците на ОНА и на она што ние го потенцираме – цивилните жртви кои исто така не се третирани. Ако се подели на некои такви три залаци, мислам дека процесот може да се одблокира, а до тогаш веројатно ќе си остане вака блокиран“, вели Кржаловски.

Тој вели дека партиите на етничките Македонци инсистираат на законот затоа што сакаат да го решат прашањето на бранителите, додека партиите од албанскиот блок ќе го блокираат сè додека не се реши прашањето на припадниците на ОНА кое ним им е битно.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG