Достапни линкови

Путин назначи нов началник на Генералштабот


Владимир Путин, Сергеј Шојгу и Валериј Герасимов, Москва 09.11.2012.

Владимир Путин, Сергеј Шојгу и Валериј Герасимов, Москва 09.11.2012.

Рускиот претседател Владимир Путин го наименува Валериј Герасимов за нов началник на Генералштабот на вооружените сили на Русија, наместо досегашниот Николај Макаров. Од кабинетот на Путин не е образложено зошто е извршена оваа и уште неколку други персонални измени во министерството за одбрана. Пред три дена Путин за нов министер за одбрана го назначи Сергеј Шојгу откако го разреши дотогашниот Анатолиј Сердјуков поради обвинувања за незаконска продажба на воен имот во вредност од над 95 милиони долари.
XS
SM
MD
LG