Достапни линкови

Седуммина маринци казнети за одавање тајни за видео игри


Седуммина припадници на елитната американска единица „Силс“ биле казнети затоа што му оддале тајни информации на еден производител на видео игри, јавуваат новинските агенции Ројтерс и Асошитед прес, цитирајќи извори во Пентагон. Еден од нив, како што се додава, бил дел од тимот кој го уби лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен во минатата година во Пакистан. Не е соопштено за какви казни станува збор.
XS
SM
MD
LG