Достапни линкови

Обама се расплака на средбата со неговиот изборен штаб


Изборниот штаб на Барак Обама објави видео на кое американскиот претседател плаче во моментот кога им се заблагодарува на членовите на штабот веднаш откако во вторникот повторно беше избран за таа функција. „Она што го сторивте значи дека работата што ја правам е важна. Јас навистина се гордеам со вас“, изјави Обама во Чикаго. Инаку, Белата Куќа соопшти дека Обама од изборите досега телефонски разговарал со 13 светски лидери на кои им ја изразил неговата надеж за натамошна соработка со нивните земји во рамките на неговиот втор четиригодишен мандат.
XS
SM
MD
LG