Достапни линкови

Рестрикција на бензин во Њујорк


Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг нареди итнa рационализација на трошењето бензинот во Њујорк поради големиот недостиг на гориво по ураганот Сенди. Тој прецизира дека бензинот ќе се продава по принципот „пар непар“ на автомобилските регистерски таблички. Мерката ќе трае неопределно време и ќе биде спроведенува со помош на полицијата. Министерството за енергетика соопшти дека и десетина денови од невремето, над 760 илјади домови во Њујорк и Њу Џерси биле без електрична енергија.
XS
SM
MD
LG