Достапни линкови

Претседателот Иванов во Австрија


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска е во посета на Грац, Австрија. Тој ќе се обрати на Меѓународната конференција насловена „Напуштајќи ја чекалната на Европа – надминување на кризата на проширување на ЕУ со Западен Балкан“, организирана од Центарот за студии на Југоисточна Европа при Универзитетот Карл-Франценс во Грац.
Конференцијата, на која ќе учествуваат голем број креатори на политики, аналитичари и академски претставници од повеќе европски земји, има за цел да придонесе кон заживувањето на процесот на проширување, преку дискусии и анализа на билатералните спорови, регионалната соработка и пристапните преговори.
XS
SM
MD
LG