Достапни линкови

logo-print

Во Сирија постигнат напредок за формирање широка опозициска група


Сириските опозициски лидери соопштија дека постигнале напредок кон постигнувањето договор за нова, широка лидерска група.
Понатамошни разговори за составот на групата се очекуваат денеска во Доха во Катар. САД и другите сојузници на опозицијата од западните и арапските земји го поддржаа формирањето на единствено опозициско лидерско тело кое ќе вклучува претставници на бунтовниците и активисти кои се борат против режимот на претседателот Башар ал-Асад. Групата е замислена како координирана воена акција, дистрибуција на помош и подготовка на привремената влада. Водечкиот опозициски блок, сирискиот Националниот совет оваа недела во Доха треба да избере ново раководство. Но, поради критиките дека таму премногу доминираат прогонетите,не се очекува СНС да го контролира новото тело.
XS
SM
MD
LG