Достапни линкови

Доживотен затвор за момчето кое пукаше во американска конгресменка


Човекот кој рани една американска конгресменка и уби шест други лица во престрелка е осуден на доживотен затвор. На Џаред Лугхнер 24 годишен, му беа пресудени 140 години затвор во Тусон, во државата Аризона. Поранешната претставничка на Конгресот Габриел Гифордс која беше застрелана во главата и сега има оштетувања на видот и говорот и парализирана десна рака, беше присутна во судницата за казната. Таа не зборуваше за настанот, но нејзиниот сопруг, американскиот астронаут Марк Кели, рече дека момчето не успеало во својот обид да создаде мрачен и злобен свет. На Лугхнер кој се изјасни за виновен за убиства, му е дијагностицирана шизофренија и други ментални болести.
XS
SM
MD
LG