Достапни линкови

Двајца пратеници од прокурдска партија почнаа штрајк со глад


Двајца пратеници од прокурдската Партија за мир и демократија почнаа со штрајк со глад во знак на поддршка за исполнување на барањата на стотици затвореници кои штрајкуваат со глад во државата.
Пратениците Емине Ајна и Јоздал Јучер објавија дека почнуваат штрајк со глад што е солидарност со штрајкот со глад на затворениците кој трае веќе 58 дена.
Околу 700 затвореници во 60-на турски затвори штрајкуваат со глад со барање за проширување на правата на курдите и прекин на изолацијата на лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан. Штрајкот со глад почна на 12 септември.
XS
SM
MD
LG