Достапни линкови

Иднината на „Егзит “ виси на конец


Менаџерот на српски музички фестивал „Егзит“ Бојан Бошковиќ денеска поднесе оставка и предупреди дека во иднина фестивалот може да не биде одржан, бидејќи неговото финансирање не е предвидено во предлог буџетот за 2013 година. Бошковиќ изјави дека фестивалот најверојатно нема да може да опстане без финансиска помош од државата. Тој додаде дека со фестивалот создале нешто во Србија за кое зборува цел свет, донеле повеќе туристи од што некој може да замисли а сега како што вели никој не разговара со организаторите за тоа што ќе се случи доколку биде прекинато финансирањето.
Фестивалот „Егзит“ се организира секоја година во јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и привлекува околу 2 милиони посетители.
XS
SM
MD
LG