Достапни линкови

Грузиски офицери обвинети за злоупотреба на службена должност


Грузиските офицери кои беа приведени деновите, денеска се официјално обвинети за злоупотреба на службената должност. Еден од нив е шефот на вооружените владини сили Георги Каладѕе. Неговиот адвокат соопшти дека тој ги отфрла обвинувањата дека додека бил на фунција ја злупотребил должноста. Покрај него за истото обвиние го чека судски процес и поранешниот министер за внатрешни работи Бачо Ахалаи. Поранешниот министер досега беше познат како близок пријател на претседателот Михаил Сакаашвили.
XS
SM
MD
LG