Достапни линкови

Ердоган и Карзаи со критика до Советот за безбедност на ОН


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ја критикуваше структурата на Советот за безведност на Обединетите Нации. За време на демократскиот форум во Индонезија, Карзаи изјави дека структурата на тоа тело е недемократска. Тој во својот говор истакна дека советот e создаден од пет постојани членки и дека не ги претставува интересите на сите земји.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган исто така го критикуваше Советот зборувајќи за, како што вели, неговата пасивност околу конфликтот во Сирија. Тој изјави дека моќта на правото за вето во рацете на само пет земји, укажува дека судбината на човештвото е во нивните раце. Ердоган додаде дека несогласувањето на постојаните членки на Советот за безбедност го охрабрува сирискиот режим да продолжи со убивањето на сопствениот народ.
Русија и Кина досега неколку пати блокираа резолуција на ОН за преземање акција во Сирија.
XS
SM
MD
LG