Достапни линкови

logo-print

Насилството во турските серии забелешка на СРД за работата на медиумите


Советотот за радиодифузија денеска ги разгледуваше резултатите од мониторингот на националите медиуми. Како главни забелешки се наведени насилните содржини и прекувременото рекламирање. Две телевизии кои го прекршиле правилникот ќе добијат писмена опомена додека една ќе добие само укажување поради емитување на програма на македонски јазик помалку отколку што е предвидено со дозволата. За дел од членовите на советот една од главните забелешки за работењето на медиумите е насилството во турските серии кои се емитуваат во несоодветен термин.
XS
SM
MD
LG