Достапни линкови

Тачи:Соработка со СДСМ е можна под еден услов


Лидерот на ДПА, Мендух Тачи

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи денеска изјави дека соработка со СДСМ и заеднички настап на престојните локални избори се можни само под еден услов, да се почитува првичниот договор од јули оваа година. Тој по средбата со американскиот амбасадор во Скопје Пол Волерс, изјави дека тоа значи дека во сите општини каде мнозинско население се Македонци ДПА ќе гласа за кандидатот на СДСМ или за коалицијата, и обратно, во општините каде мнозинско население се Албанци СДСМ да гласа за кандидатот на ДПА. Тачи истакна дека проблемот во владеачката коалиција е договор за циркус со кој тие се обидуваат да го сокријат вистинскиот проблем – економијата и дека тоа однесување ќе им се врати како бумеранг.
XS
SM
MD
LG