Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за пописот


Опозициската СДСМ обвини дека Владата или е неспособна да спроведе попис на населението или ланскиот крах беше намерно изведен за да се манипулира со бројот на гласачите. Потпреседателот на СДСМ Ана Павлова Данева изјави дека по една година од неуспешниот обид за попис остана само дупката во буџетот од 14 милиони евра за кои надлежните немаат објаснување каде се, а во меѓувреме ниту една институција не покрена никаква истражна постпка нити понесе одговорност иако јавно се изнесоа многу серизони обвинувања. Таа додаде дека и по една година се уште нема одговор на прашањето кога во Македонија ќе се спроведе регуларен попис на населението.
Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ е наведно дека партијата нема да оправда ниту да поддржи фалсификат на попис како што тоа го правела СДСМ нити пак, како што е наведено, би ги повториле пазарењата од 2002 година на СДСМ. Во соопштението се вели дека денешното обвинување на опозицијата е само алиби за очигледниот пораз на изборите, затоа што не им успел претходниот со наводниот фалсификат на гласови во Ресен, сега се потсетија дека за алиби ќе го користат пописот.
XS
SM
MD
LG