Достапни линкови

Усвоен новиот Патоказ


Премиерот Никола Груевски денеска соопшти дека Владата го усвоила новиот патоказ за евроинтеграции за 2013. Тој изјави дека патоказот е усогласен со препораките кои се во Извештајот на Европската комисија за 2012 и дека е испратен на разгледување во Парламентот кој ќе расправа за него и до Брисел.
Груевски изјави дека во земјава има кадар кој е подготвен да го стартуваат преговарчкиот процес доколку тоа на земјата и биде овозможено.
XS
SM
MD
LG