Достапни линкови

Турција продолжува со претрес на авиони кои летаат кон Сирија


Турските медиуми јавија дека ерменски авион кој што летал за Сирија слетал во источниот дел на Турција за претрес, односно да биде проверен дали пренесува оружје за Дамаск. Авионот слетал во Ерзум поради договорот со турксите власти. Раководството на аеродромот соопшти дека по неколку часовен претрес му било дозволено на авионот да го продолжи летот кон Сирија. Турција е една од најголемите критичари на режимот на претседателот Башар Ал Асад и на конфликтот во Сирија. Турција забрани на авиокомпании кои сообраќаат кон Сирија да го користат воздушниот простор над нејзината територија откако минатиот месец пронајдоа воена опрема во руски патнички авион чија крајна дестинација била Дамаск.
XS
SM
MD
LG