Достапни линкови

Ахмадинеџад: Изборите во САД се бојно поле за капиталистите


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги оцени американските претседателски избори како „ бојно поле за капиталисти и изговор за големи трошоци.“ Тој во својот говор на отварањето на Демократскиот форум во Бали, изјави дека не е важно кој победил а кој изгубил, туку важни се политиката и однесувањето, а нивното однесување мора да се промени.
САД и ЕУ стравуваат дека Иран произведува нуклеарно оружје и поради тоа го подложија на низа економски санкции, барајќи Техеран да биде транспарентен за контроверзаната нуклеарна програма.
Ахмадинеџад беше реизбран во 2009 година, на избори кои беа проследени со многу обвинувања за измама и фалсификат. Постизборните протести беа насилно замолчани од владата.
XS
SM
MD
LG