Достапни линкови

logo-print

Самарас - Вистински крај на драхмата


Грчкиот парламент денеска ги одобри клучните мерки за штедење со тесно мнозинство што уште еднаш ги покажа несогласувањата во владината коалиција. До ова дојде откако пред парламентот имаше судири меѓу полицијата и дел од десетиците илјади демонстранти кои протестираа против мерките за штедење.

Пакетот мерки беше изгласан од 153 пратеници во парламентот кој има 300 пратенички места. Одобрувањето на кратењата и на зголемувањето на даноците во вредност од 13,5 милијарди евра во наредните две години е клучно во грчките напори да ја обезбеди следната транша од меѓународната помош во вредност од над 31,5 милијарди долари.
Ќе се борам така што набрзо ќе добиеме дури повеќе од 31 милијарда долари за да можеме да ги исплатиме сите наши обврски од државниот долг. Со години во Грција се случуваат работи што не случија никаде во светот и нè доведоа до работ на банкрот. Денеска тоа го менуваме со еден замав и, дали на некои им се допаѓа или не, тоа е вистинска револуција.

Грчката влада предупреди дека без овие пари земјата ќе банкротира до средината на месецов.

„Грција направи голем решавачки и оптимистички чекор, чекор кон заздравување“, изјави премиерот Андонис Самарас.

Но, тесното минување на мерките, од друга страна, беше голем удар за трипартитната коалиција која има 176 пратенички места.

Веднаш по гласањето, Нова демократија и ПАСОК избркаа од партиските редови седум пратеници, бидејќи не ги поддржаа мерките. Повеќето од пратениците на третиот партнер Демократската левица отсуствуваа од гласањето.

За време на дебатата, Самарас стави до знаење дека некои од мерките, како кратењето на платите, се неправедни, но оти сепак се витални за да се избегне банкротот и Грција да остане во еврозоната.
Овие мерки се неправедни, овие мерки се болни. Тие ќе направат хаос во работните услови и ќе ја уништат земјата финансиски.

„Овој закон конечно ја ослободува земјата од драхмофобијата“, изјави тој, додавајќи:

„Ќе се борам така што набрзо ќе добиеме дури повеќе од 31 милијарда долари за да можеме да ги исплатиме сите наши обврски од државниот долг. Со години во Грција се случуваат работи што не случија никаде во светот и нè доведоа до работ на банкрот. Денеска тоа го менуваме со еден замав и, дали на некои им се допаѓа или не, тоа е вистинска револуција.“

Мерките за штедење се однесуваат на наредните две години и во нив се вклучени и големи кратења на пензиите, даночни олеснувања, како и покачување на старосната граница за одење во пензија од 65 на 67 години.

Скратени се и две од 14 годишни пензии. Со новите закони се овозможува укинување работни места во администрацијата и полесно отпуштање на вработените во јавниот сектор на кои досега им беше гарантирана доживотна работа.

Елиминирани се и двете дополнителни месечни плати годишно, како и бенефициите за професорите, болничките лекари, армијата и полицијата. Минималната плата се замрзнува на 580 евра месечно се до 2016 година.

Ваквите реформи имаат за цел да се намали јавниот долг, но, според некои оценки, целиот тој процес ќе ја погоди економијата која веќе шестта година се дави во рецесија.

„Овие не фрлаат на улица“, реагираа граѓаните пред грчкиот парламент.

„Во овој момент, со мерките кои се гласаат и со политиката што доминира во земјата, тие им гарантираат смрт на луѓето.“

„Овие мерки се неправедни, овие мерки се болни. Тие ќе направат хаос во работните услови и ќе ја уништат земјата финансиски.“

Пред парламентот дојде до судири меѓу дел од демонстрантите кои фрлаа молотови коктели врз полицијата која возврати со водени топови и солзавец. Нема извештаи за повредени, додека најмалку 35 луѓе биле приведени.

Грчкиот парламент в недела треба да гласа и за буџетот за наредната година, а синдикатите за 14 ноември најавија нов штрајк.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG