Достапни линкови

logo-print

Тројката Кредитори пристигнуваат и на Кипар


Претставници на меѓународните кредитори од ЕУ, ММФ и ЕЦБ денеска треба да пристигнат на Кипар за да склучат спогодбата за кредит за земјата. Преговорите меѓу „тројката“ и кипарската влада почнуваат утре.
Кипарската влада на крајот на јуни побара финансиска помош, чија висина може да надмине 10 милијарди евра.
Кредиторите, од своја страна, побараа од Никозија да ги намали платите на државните службениции за 15 проценти, а социјалната помош за 10 проценти, и да го зголеми ДДВ-то ,според формулата што предвидува 80-процентно кастрење на државните трошоци и 20-процентно зголемување на даноците.
XS
SM
MD
LG