Достапни линкови

logo-print

Српските синдикати излегоа на протест


Српските синдикати денеска организираа протест пред Владата со барање за социјален дијалог и заштита на стандардите на граѓаните на Србија.
Неколку сторици синдикалци од 37 јавни и приватни претпријатија во Србија, побара од српската Влада вклучување на Конфедерацијата на синдикати како рамноправен партнер во Социјално-економскиот совет, спречување на корупцијата и продажба на државниот имот, како и заштита на стандардите на граѓаните кој е загрозен поради неоправданото поскапување на стоките и услугите.
Едно од главните барања е да се запрат поскапувањата и да се подобри егзистенцијалниот статус на граѓаните.
XS
SM
MD
LG