Достапни линкови

Се урна шестокатница во Гана, 3 лица загинаа


Најмалку три лица загинаа, а десетици се заробени во урнатините на зграда која денеска се урна во главниот град во Гана. Новинските агенции јавуваат дека во зградата пред да се урне имало околу 200 луѓе. Претседателот на Гана Џон Драмани Махама ја прекина изборната кампања и изјави дека спасувачите прават се да спасат што е можно повеќе животи. Се уште се непознати причините за уривањето на зградата.
XS
SM
MD
LG