Достапни линкови

logo-print

Собранието расправа за изборниот законик


11

11

Пратениците денеска во Собранието расправаат за измени на изборниот законик.
Одделување на државата од политичките партии, обезбедување правна заштита од незаконско финансирање на изборната кампања, транспарентност во работењето на Државната изборна комисија се дел од измените и дополнувањата на Изборниот законик.
Опозицијата смета дека измените не ги содржат препораките на ОБСЕ и ОДИХР и според тоа измените се само шминкерски и нема да го подобрат изборното законодавство.
Пратениците од мнозинството сметаат дека препораките на ОБСЕ се прифатливи, но не и во онаа форма која ја презентира СДСМ кои според нив се разликуваат од вистиснките препораки. ВМРО-ДПМНЕ смета дека барањето на СДСМ да им се забрани на јавните функционери јавни настапи за време на изборната кампања е нелочгино, односно дека единствен начин како да победат СДСМ е да ги нема на телевизија оние што извршуваат функција.
XS
SM
MD
LG