Достапни линкови

Турција извршила прекугранична операција во Ирак


Турската војска извршила дводневна прекугранична операција во северниот дел на Ирак против припадници на курдската работничка партија. Турските медиуми јавуваат дека војниците во поделени во две групи со поддршка од воени авиони навлегле 5 километри во ирачката територија. Според турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк тоа е првата копнена операција на ирачка територија во изминатите пет години.
XS
SM
MD
LG