Достапни линкови

Груевски ги негира тврдењата на СДСМ за Ресен


Обвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ во Ресен фалсификува лични карти и државјанства во пресрет на локалните избори се барање алиби за поразот што ќе го доживеат на следните избори, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Груевски негираше дека такво нешто се случува во Ресен и изјави дека претходно Бранко Црвенковски за поразот на изборите ги обвинуваше законите, сега Македоците од Пустец, утре некој друг од дијаспората ќе биде виновен, затоа што тоа е во негов стил. Груевски додаде дека Црвенковски, не сака да го признае поразот, и затоа или го префрла на партиските луѓе или на некој друг субјект.
XS
SM
MD
LG