Достапни линкови

Франција дозволи хомосексуални парови да посвојат деца


Француската влада го поддржа предлог законот за легализација на истополови бракови и дозволи хомосексуални двојки да посвојуваат деца. Парламентот за предлог законот ќе дебатира во јануари. Претседателот Франсоа Оланд кој за тоа зборуваше во предизборната кампања, изјави дека законот ќе значи прогрес за целото општество. Во Франција веќе е дозволено склучувaње на своевидна граѓанска заедница на истополови парови, а додека дозвола за посвојување деца се однесуваше само на венчаните парови. Десничарските опозициски партии и верските заедници се спротивставија на предложените промени. Во неколку европски држави како што се Белгија, Британија, Данска, Холандија, Шпанија и Шведска е дозволени хомосексуални парови да посвојуваат деца.
XS
SM
MD
LG