Достапни линкови

Честитка на Ѓорѓе Иванов до Барак Обама


Илустрација

Илустрација

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до неговиот американски колега Барак Обама по повод неговиот реизбор за претседател на Соединетите Американски Држави со уверување дека во периодот што следи стратешкото партнерство меѓу двете земји ќе биде унапредено.
- Во оваа свечена пригода би сакал да изразам очекување дека заедно ќе продолжиме да придонесуваме за натамошно продлабочување на пријателството и партнерството меѓу нашите две држави. Сакам да Ве уверам господине Претседателе, дека Република Македонија, како докажан пријател и партнер на Вашата голема нација, ќе продолжи да ги поддржува американските напори за мир изграден врз ветувањето за слобода и човечко достоинство во светот, се вели во честитката.

- Ја користам оваа можност, господине Претседателе, да Ви се заблагодарам за континуираната поддршка за исполнување на нашите највисоки стратешки цели – членството во НАТО и во Европската унија. Уверен сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено, за што уште еднаш Ви ја искажувам нашата целосна подготвеност, стои во честитката на Иванов.
XS
SM
MD
LG