Достапни линкови

logo-print

Ховит - Работам Македонија да добие датум за преговори во декември


Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот парламент.

Ричард Ховит, известувач за Македонија во Европскиот парламент.

Целиот мој напор и енергија се фокусирани на обид да се најдат вистинските компромиси во Брисел за да може да почнат пристапните преговори со ЕУ, изјави известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит за Радио Слободна Европа.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит денеска се сретна со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во партиското седиште на СДСМ во Скопје. За неделава е предвидено Ховит да се сретне и со други политички лидери во Македонија.

Господине Ховит, какви се вашите очекувања од Самитот на ЕУ во декември? Какви се шансите Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, со препорачаната обврска да го реши спорот за името со Грција во раната фаза од преговорите?
Еврокомесарот Штефан Филе лично отпатува во Атина и во Софија да се обиде да помогне во постигнување на консензус за Македонија да добие датум за преговори во декември.

Моите очекувања се дека разговорите треба да почнат, впрочем и Европскиот парламент и Европската комисија го повторуваат тоа. Како известувач за оваа држава, јас изнесувам критики кога се оправдани, но оваа држава достигна позиција кога преговорите треба да почнат. Целиот мој напор и енергија се фокусирани на обид да се најдат вистинските компромиси во Брисел за да може да почнат пристапните преговори со ЕУ.

Какви се шансите за такво нешто?

Оваа година Европската комисија ги зеде предвид двете прашања и јас им честитам за тоа, да се осврне на прашањето за името, да сугерира дека може да биде решено откако ќе почнат преговорите и експлицитно да се каже тоа. Еврокомесарот Штефан Филе лично отпатува во Атина и во Софија да се обиде да помогне во постигнување на консензус за да се изгласа датум за преговори во декември. И јас бев во Атина, работам блиску со бугарските колеги, имам интензивни разговори со сите политички лидери оваа недела тука во Скопје, бидејќи мислам дека е возможно. Не предвидувам што ќе се случи, не велам дека нема да се случи, она што го кажувам е дека треба да се случи.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG