Достапни линкови

logo-print

Обама – „Америка оди напред“


Претседателот Барак Обама го доби вториот 4-годишен мандат, победувајќи го својот ривал од Републиканската партија Мит Ромни на вчерашните избори во САД. Републиканците ја задржаа контролата врз преставничкиот дом а демократите врз Сенатот.

Американскиот Претседател Барак Обама по победата на претседателските избори пред подржувачите во Чикаго порача дека Америка оди напред.

„Вечерва на овие избори, вие американскиот народ, не потсетивте дека додека нашиот пат е тежок, а нашето патување е долго, ние се бориме за тоа и во нашите срца знаеме дека за САД најдоброто допрва престои“.



Барак Обама постигнал клучни победи во неколку т.н. "неопределени држави". Како што јавува нашиот дописник Хедер Махер, Обама победил во Ајова, Мичиген, Њу Хемпшир, Пенсилванија и Висконсин, а освоил повеќе „електорски“ гласови и во Калифорнија, Орегон и Вашингтон, како и во државата на неговото детство, Хаваи.
Неговиот против кандидат Мит Ромни му го честиташе ре-изборот на Барак Обама.
„Јас го повикав претседателот Обама и му честитав на победата. Неговите подржувачи и неговата кампања заслужуваат честитки. Им посакувам добро на сите нив а посебно на претседателот, на првата дама и на двете ќерки“


„Јас го повикав претседателот Обама и му честитав на победата. Неговите подржувачи и неговата кампања заслужуваат честитки. Им посакувам добро на сите нив а посебно на претседателот, на првата дама и на двете ќерки“

Кандидатот од Републиканската Партија Ромни победил во Северна Каролина, Тексас, Аризона, Луизијана и Џорџија.




Според овие информации, се предвидува дека Републиканската партија ќе ја задржи контролата врз Претставничкиот дом, додека Демократската партија на претседателот Барак Обама ќе го задржи своите тесно мнозинство во Сенатот. Со тоа, двата дома на Конгресот повторно ќе бидат поделени меѓу партиите, што ќе продолжи да биде предизвик за Обама. Претседателот пак, побара уште еден мандат за да го заврши тоа што го започнал во 2008.

„Ние постигнавме многу за да се вратиме назад. Имаме уште многу работа за да го примениме здравствениот систем и да креираме работни места“.

Што натаму - анализа?

Во вториот мандат, според Кристофер Пребле од Като Институтот, претседателите водат сметка за наследството што го оставаат. Сакаат да заминат во историјата како популарни личности, а тоа пак секогаш има реперкусии врз нивните партии

„Ако претседателот сака да направи нешто во надворешната политика кое не во согласност со она што го сака јавноста тогаш тоа сериозно и наштетува на неговата партија. Тоа го видовме во вториот мандат на Џорџ Буш кога противно на јавноста тој ја прошири војната во Ирак што им наштети на републиканците во 2006 и 2008“.

Обама велат ќе се фокусира врз домашната економија, реформите во банкарскиот систем, и климатските промени. Предизвиците како Кина, Иран, Авганистан, Русија и Азиско – пацифичкиот регион остануваат. Обама за кабелската МСНБС изјави дека ако биде ре-избран приоритет ќе биде планот за штедење и зголемување на даноците за богатите американци.

Честитки од светските лидери

Британскиот Премиер Дејвид Камерон беше меѓу првите странски лидери кои на Барак Обама му го честитаа ре-изборот за претседател на САД. Камерон на Твитер го опиша Обама како пријател со кој очекува да продолжи соработката. Од Брисел честитки упатија и Претседателот на Европската Унија Херман Вон Ромпуј и генералниот секретар на НАТО Андерс фон Расмунсен. Победата на Обама е поздравена и од пратениците во руската Дума. Тие оценија дека Барак Обама е подобра опција за Русија и изразија надеж дека таканаречениот „ресет“ во односите Вашингтон – Москва ќе продолжи.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG