Достапни линкови

Во Брисел средба Ештон-Дачиќ-Тачи


Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон денеска во Брисел ќе има средба со премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. Повикувајќи се на соопштението од кабинетот на Ештон, приштинскиот весник „Коха диторе“ наведува дека целта на средбата е продолжување на дијалогот, кој треба да придонесе за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Дачиќ и Тачи прво ќе имаат одвоени средби со Ештон, а потоа ќе има и заедничка средба Ештон-Дачиќ-Тачи.
Ештон првата средба со премиерите на Србија и на Косово ја имаше во Брисел на 19 октомври, а потоа заедно со американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги посетија Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG