Достапни линкови

logo-print

Честитки до Обама од светските лидери


Дејвид Камерон

Дејвид Камерон

Британскиот Премиер Дејвид Камерон беше меѓу првите странски лидери кои на Барак Обама му го честитаа ре-изборот за претседател на САД. Камерон на Твитер го опиша Обама како пријател со кој очекува да продолжи соработката.
Од Брисел честитки упатија и Претседателот на Европската Унија Херман Вон Ромпуј и генералниот секретар на НАТО Андерс фон Расмунсен.
Победата на Обама е поздравена и од пратениците во руската Дума. Тие оценија дека Барак Обама е подобра опција за Русија и изразија надеж дека таканаречениот „ресет“ во односите Вашингтон – Москва ќе продолжи.
XS
SM
MD
LG