Достапни линкови

Сириските опозициски групи во егзил избираат раководство


Главните сириски опозициски групи во егзил денеска се состануваат за да изберат нов извршен комитет и лидер. Овој чекор доаѓа по потезите на другите членови на сириската опозиција и нивните странски поддржувачи за слабеење на влијанието на Сирискиот национален совет.
Според критиките, Советот е под силно влијание на Муслиманското братство и не ги претставува ефикасно вооружените бунтовнички групи и опозициските активисти кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад внатре во Сирија. Активисти на опозицијата се среќаваат утре во Доха, Катар, за да изберат 50-члена група чија цел ќе биде да ја обедини опозицијата и да се координира со бунтовничките борци.
XS
SM
MD
LG