Достапни линкови

Уапсен поранешниот грузиски министер за внатрешни работи


Бачо Ахалаија

Бачо Ахалаија

Поранешниот министер за внатрешни работи на Грузија Бачо Ахалаија е уапсен поради обвиненија за злоупотреба на функцијата. Неговиот адвокат синоќа соопшти дека обвинителите три часа го испрашувале Ахалаија во врска со „несоодветниот третман на одредени лица“. Засега нема повеќе детали, но се очекува дека поранешниот министер ќе биде задржан во притвор.
Ахалаија поднесе оставка во септември, откако беа прикажани видео клипови во кои затворски чувари тепале и сексуално злоупотребувале затвореници. Тој беше близок соработник на претседателот Михаил Саакашвили и ја напушти Грузија по парламентарните избори од 1 октомври. Во понеделникот Ахалаија повторно се појави во Грузија, изјавувајќи дека е готов да одговори на, како што ги нарече, идиотските и апсурдни обвиненија против него.
XS
SM
MD
LG