Достапни линкови

Убиен член на некогашниот Национален преоден совет на Либија


Абдел Басет Бин Наама, член на либискиот преоден совет, тело кое ја раководеше земјата по соборувањето на Моамер ел гадафи, е убиен. Неговото тело било најдено во понеделникот навечер, а засега нема детали за тоа како настапила смртта. Главниот обвинител соопшти дека е формирана комисија која ќе го истражува овој случај.
Бин Наама беше член на Советот кој беше признат од меѓународната заедница како легитимен претставник на Либијците за време на борбите за соборување на Гадафи. Либија и натаму е поделена меѓу ривалските милиции и други фракции, повеќе од една година по падот на Гадафи.
XS
SM
MD
LG