Достапни линкови

Победа на Обама


Приврзаници на Обама во Чикаго ја слават победата

Приврзаници на Обама во Чикаго ја слават победата

Американските медиуми соопштија дека претседателот Барак Обама го добил вториот 4-годишен мандат, победувајќи го својот ривал од Републиканската партија Мит Ромни на вчерашните избори во САД.
Претходно беше јавено дека Обама постигнал клучни победи во неколку т.н. "неопределени држави" кои би можеле да „превагнат“ во негова полза. Според првичнитете информации, Обама победил во Ајова, Мичиген, Њу Хемпшир, Пенсилванија и Висконсин, а освоил повеќе „електорски“ гласови и во Калифорнија, Орегон и Вашингтон, како и во државата на неговото детство, Хаваи.
Проекциите покажуваат дека Ромни победил во Северна Каролина, Тексас, Аризона, Луизијана и Џорџија.
Според овие информации, се предвидува дека Републиканската партија ќе ја задржи контролата во Претставничкиот дом, додека Демократската партија на претседателот Барак Обама ќе го задржи своите тесно мнозинство во Сенатот. Со тоа, двата дома на Конгресот повторно ќе бидат поделени меѓу партиите, што ќе продолжи да биде предизвик за Обама.
XS
SM
MD
LG