Достапни линкови

Мирен масовен протест во Атина


Грција блокирана од штрајкови

Грција блокирана од штрајкови

Околу 16 илjади граѓани денеска се излезени на мирни протести низ улиците на Атина и неколку други грчки градови. Грчкиот јавен сообраќај, болниците и јавните сервиси се блокирани поради штрајковите во Атина. Синидкатите на државниот и приватниот сектор најавија дека поради новите мерки за штедење кои се ставени на гласање во Собранието ќе одржат 48 часовен штрајк. Синдикатите барат да не се воведат новите мерки со кои се предвидува уште едно намалување на платите и пенизите, продолжување на старосната граница за пензионирање на 67 години и зголемување на даноците. Претходно министер за финансии Јанис Стурнарас ги повика пратениците да го одобри пакетот мерки за штедење, со цел да се избегне банкрот на земјата.
XS
SM
MD
LG