Достапни линкови

Формирано здружение на Месни заедници од Долна Река


Селото Јанче во општина Маврово-Ростуше.

Селото Јанче во општина Маврово-Ростуше.

Формирано е здружение на Месни заедници на селата од Долна Река во општина Маврово-Ростуше, со цел да се надминат бариерите, особено околу одржувањето на селските водоводи.

Актуелниот Закон за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија не овозможува месните заедници да реализираат активности за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, за животот на населението да биде подобар. Ова го оценуваат сите месни заедници од селата на Долна Река, општина Маврово–Ростуше, поради што деновиве е формирано здружение на Месни заедници,со цел да се надминат, како што велат, бариерите, особено околу одржувањето на селските водоводи, но и да се поддржат потребните активности во селските населби.
По изборот во месните заедници се соочивме со проблемот на правен вакуум во однос на функционирањето на месните заедници. Тоа значи дека имаме проблеми со функционирањето на овие заедници. Поради оваа положба на заедниците немавме право да имаме жиро сметка.

Здружението на месните заедници од Долна Река, според Самет Абдули, претседател на месната заедница во селото Требиште и претседател на здружението, се чини дека е прво од ваков карактер во нашава земја.
Самет Абдули, претседател на Здружението на Месни заедници од Долна Река.

Самет Абдули, претседател на Здружението на Месни заедници од Долна Река.


„По изборот во месните заедници се соочивме со проблемот на правен вакуум во однос на функционирањето на месните заедници. Тоа значи дека имаме проблеми со функционирањето на овие заедници. Поради оваа положба на заедниците немавме право да имаме жиро сметка. Во контакти со претставниците на другите месни заедници од регионот на Долна Река одлучивме за да се излезе од овој ќорсокак, да регистрираме здружение на месни заедници“, вели претседателот на здружението Самет Абдули.

Во здружението веруваат дека со овој начин на организирање ќе се надминат проблемите, но исто така додаваат дека сега очекуваат разбирање и од локалните власти.

„При регистрацијата немавме проблеми. Ги направивме актите, статутот и така се одеше добро. Но имаше и одредени реакции од дел на вработени во локалната самоуправа. Не знам зошто, бидејќи ова е и во корист на општината. Наша цел е да се овозможи нормално функционирање на месните заедници, бидејќи поинаку не можеше.“

Раководството на општината Маврово–Ростуше во врска со овој начин на организирање на дел од месните заедници, вели дека соработката, но и активностите со месните заедници ќе биде онака како што пропишува законот.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG