Достапни линкови

Хуманитарна забава за донации за охридска градинка


Хуманитарна забава и продажба на фотографии во Охрид.

Хуманитарна забава и продажба на фотографии во Охрид.

Преку хуманитарна забава со продажба на фотографии беа собрани средства за детската градинка Јасна Ристевска во Охрид да ги опреми новите простории.

Новите простории на детската градинка Јасна Ристевска во Охрид ќе бидат опремени со помош на средства кои беа собрани од продажбата на фотографии, дело на охридскиот фотограф Петар Боев. Хуманитарната забава на која беа изложени, а потоа и продадени 47 фотографии по цена од 1000 денари беше по иницијатива на Јавното претпријатие Охридски комуналец. Хуманитарно продажната акција на фотографии е дел од проектот „Охрид град на цвеќето“.
Ќе се купи она што ним им е потребно, како што се килими, теписони со детски содржини. Доколку останат средства ќе се купи инвентар кој е потребен за новиот дел на градинката. Најмладите охриѓанчиња заслужуваат подобри услови и еве ние со оваа акција ќе помогнеме условите во градинката да се подобрат.

Директорот на охридски комуналец Сашо Алче вели дека идејата за организирање на ваква хуманитарна акција потекнувала од поодамна.

„Ќе се купи она што ним им е потребно, како што се килими, теписони со детски содржини. Доколку останат средства ќе се купи инвентар кој е потребен за новиот дел на градинката. Најмладите охриѓанчиња заслужуваат подобри услови и еве ние со оваа акција ќе помогнеме условите во градинката да се подобрат“, рече Алче.

Петар Боев вели дека изборот на фотографии бил случаен, иако со неговиот фото објектив направил голем број на фотографии кои исто така заслужувале место на оваа акција.
Овие средства ќе бидат употребени на вистинско место и вакви акции треба што повеќе да се организираат бидејќи тие се нашите најмлади членови.

„Направени се многу фотографии во временска рамка од април до октомври од овој фантастичен парк кој Охрид го доби. Целта беше да се направи фото галерија на цветните аранжмани во Градскиот Парк и на хортикултурните уредувања на дел од старите градски куќи во градот. Кога се работи за хуманитарна цел и 10 денари се доволни, некогаш кога парите ќе бидат насочени за таква работа“, рече Боев.

Бизнисмени, локални политичари, директори на јавни претпријатија, но и граѓани купија по некоја фотографија.

„Сакав да дадам еден допринос во акцијата за опремување на градинката. Средствата ќе бидат употребени со добра намена, ќе ги дадеме на вистинско место. Сметам дека вакви изложби треба повеќе да се организираат“, рече Драган Пандевски, раководител на јавно претпријатие.

„Ми беше тешко да се одлучам за која слика бидејќи сите се убави. Овие средства ќе бидат употребени на вистинско место и вакви акции треба што повеќе да се организираат бидејќи тие се нашите најмлади членови“, рече Љупчо Настовски, бизнисмен.

Иницијаторите најавија дека ваква хуманитарна акција ќе се организира и наредната година бидејќи Охрид и во 2013 година ќе биде град на цвеќето.
XS
SM
MD
LG