Достапни линкови

logo-print

Истрагата за Кингерот нема врска со доказите на Панчевски


Во следниве два до три дена ќе биде соопштена одлуката во врска со можноста за отварање на нова истрага за авионската несреќа при која загина македонскиот претседател Борис Трајковски во 2004-тата година. Ова денеска го изјави шефот на комисијата за истражување на воздухопловни несреќи Омер Кулиќ при босанското министертво за транспорт и врски.
Тој изјави дека најверојатно нова истрага ќе биде отворена, поради појавата на нови докази. Тој истакнал дека новите докази ги има македонската владина комисија која веќе 6 години истражува во соработка со босанските власти. Кулиќ на новинaрското прашање дали станува збор за доказите за кои зборуваше вчера адвокатот на семејставата на загинатите Игнат Панчевски, односно за видео материјалите, кратко одговори дека новите докази немаат никаква врска со адвокати.
XS
SM
MD
LG