Достапни линкови

Локомоушн - Фестивал за модерен танц за 2600 евра


ЛОКОМОУШН – Фестивал на современ танц и перформанс, постер.

ЛОКОМОУШН – Фестивал на современ танц и перформанс, постер.

„Фестивал за 2600 евра“ е насловено петтото, јубилејно издание на ЛОКОМОУШН – Фестивалот на современ танц и перформанс што на 8 и 9 ноември ќе се случува во Младинскиот културен центар во Скопје.

Петтото, јубилејно издание на ЛОКОМОУШН, фестивалот што го преиспитува фестивалското, манифестацијата што во Македонија отвори нови алтернативни простори за современата уметност, немаше да се реализира пред сè без помошта на авторите. Токму уметниците, организаторите и програмерите, со откажување од своите лични хонорари за сработеното, овојпат заедно одлучија ЛОКОМОУШН да го направат да биде видлив и да продолжи да се развива.
Не се работи за тоа дека треба да се поддржи само еден сегмент во општеството, а тоа е да речеме институционалната уметност или меинстримот, туку и онаа која што се развива, живата уметност во граѓанскиот сектор, во независната културна сцена.

Билјана Тануровска Чулавковски, ко-програмер на случувањето, забележува дека насловот на ЛОКОМОУШН - „Фестивал за 2600 евра“ е јасен и дека тоа е сумата од јавни средства со кои институциите за култура во Македонија сметаат дека може да се поддржи и да се направи една манифестација за современа уметност кај нас. Таа дополнува дека многу повеќе се издвојува за меинстримот и дека речиси и да нема разбирање за поддршка и развој на современата уметност.

„Не се работи за тоа дека треба да се поддржи само еден сегмент во општеството, а тоа е да речеме институционалната уметност или меинстримот, туку и онаа која што се развива, живата уметност во граѓанскиот сектор, во независната културна сцена.“
Тоа е навистина едно горливо прашање и ние само гледаме како авторите во кои што сме инвестирале не можеме да ги задржиме овде. Тоа е една генерација која што заминува и не може да се врати доколку навистина не се вложи повеќе за да остане и да работи, да твори овде. И, затоа прашањето на фестивалот, односно неговиот наслов, е симболично, не дека 2600 овој фестивал има, туку што со толку мали средства, како да вложиме повеќе и како да направиме стратегија да овозможиме младите да творат дома и нивната уметност да се дистрибуира кон Европа и пошироко.

Од таму сосема логично е што ова случување отворено прашува: Зошто некои автори да бидат платени за своите дела, а други не? Дали се смалува просторот каде што може да се твори и да се прикажува современата уметност? Зошто автор на современа танц претстава не може добие средства за свое ново дело, или добива средства со кои не може да го продуцира? И, конечно најболното: Зошто си одат младите автори од Република Македонија?

„Тоа е навистина едно горливо прашање и ние само гледаме како авторите во кои што сме инвестирале не можеме да ги задржиме овде. Тоа е една генерација која што заминува и не може да се врати доколку навистина не се вложи повеќе за да остане и да работи, да твори овде. И, затоа прашањето на фестивалот, односно неговиот наслов, е симболично, не дека 2600 овој фестивал има, туку што со толку мали средства, како да вложиме повеќе и како да направиме стратегија да овозможиме младите да творат дома и нивната уметност да се дистрибуира кон Европа и пошироко.“

Програмски, петтиот Фестивал за современ танц ќе започне со кореографијата „Бејби! Епизода 3“ на Селин Лалиер и Јана Ефтовиќ, а во рамките на првата вечер ќе биде прикажана и претставата „Привремени“ каде автори и изведувачи се Ана Дубљевиќ, Душан Брокиќ, Игор Коруга, Љиљана Тасиќ, Јована Ракиќ Киселиќ и Марко Милиќ, а драматург Ана Вујановиќ.

Следниот ден ќе ги видиме студентите од втора и трета година од класата за Современа педагогија при Факултетот за музичка уметност кои премиерно ќе ја претстават кореографијата „Кинестезија 1“ на Искра Шукарова, работена на музика на „Андан проџект“ или Ронит Бергман, Доријан Јовановиќ и Филип Митров, Вежбанката по кореографија за внимание „Точка од која нема враќање“ на Далија Аќин Теландер, „Трансформација“ - концепт и режија на Вили Прагер во соработка со Соња Предгар и Тиан Ротивил и за крај „Врело лижавче“ на авторите и танчери Тасиќ и Брокиќ.

Годинава паралелно со „Локомоушн 5, во организација на „Локомотива“ и „Номад танц академија“, ќе се одвива интернационалната трибина „Номад танц застапува“. На ова случување е планирано да присуствуваат педесетина уметници, менаџери, креатори на културни политики, претставници од фондациите, консултанти и политичари кои ќе разговараат за иднината на современиот танц на Балканот. Нивната заедничка заложба е да се подобри соработката во регионот преку директно вклучување во процесите на донесување одлуки за да се пополнат сите празнини.

Инаку, „Номад танц застапува“ е швајцарска програма за култура на Западен Балкан – Мрежа за развивање на проекти во културата, на Програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства при Фондацијата Отворено општество – Македонија и Алианс културштифтунг.

Конечно, „Локомоушн 5“е подржан од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје, а партнер на настанот и фестивалот е Младински културен центар.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG