Достапни линкови

Турскиот парламент ќе дебатира за нов претседателски систем


Турската владеачка партија за правда и развојот поднесе предлог до парламентот за воведување на нов претседателски систем што има за цел доделување извршни овластувања на претседателот. Овој предлог е чекор кон посилна претседателска функција, која партијата планира да ја воспостави во рамките на реформскиот процес околу новиот Устав.Претседателот Реџеп Таип Ердоган минатиот петок изјави дека губи надеж за создавање на целосна партиска поддршка за уставните реформи, но дека е решен да ги спроведе реформските планови.
XS
SM
MD
LG