Достапни линкови

Буџетот за СДСМ лош, за премиерот вистински одговор на кризата


СДСМ денеска оцени дека Предлог буџетот за 2013 година не нуди решение за голем дел од проблемите на граѓаните и нема да донесе подобар стандард. Пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов изјави дека за буџет на долгови и кредити кои не се знае за што ќе бидат потрошени. Тој додава дека во буџетот не се предвидени пари за решавање на проблемот на вработените во ОХИС кои заедно со работниците од Ремонт на пруги три недели штрајкуваат пред Владата.
Премиерот Никола Груевски изјави дека во предлог-буџетот за 2013 година има највисоки капитални инвестиции, пораст на пензиите и на субвенциите во земјоделството. Груевски додаде дека тој е внимателно направен и добро избалансиран во околности на длабока европска должничка криза која се одразува и во Македонија.
За обвинувањата на СДСМ искажани на митингот во Скопје, Груевски оцени дека тоа се луѓе кои немаат кредибилитет затоа што, како што вели, партијата во минатато ја прокоцкала својата шанса со давање лажни ветувања и не оставиле ништо вредно за паметење.
XS
SM
MD
LG