Достапни линкови

logo-print

Тачи: Нема да се дискутира за статусот на Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи во Загреб по средбата со хрватскиот колега Зоран Милановиќ изјави дека со Белград нема да се разговара за статусот на Косово.Тој одговарајќи на новинарскко прашање дали е подготвен со српскиот премиер Ивица Дачиќ да разговара околу српската Платформа за Косово, Тачи изјави дека Србија нема ниту морално, ниту политичко ниту пак законско право, да учествува во решавањето на прашањето за Косово. Тачи по средбата со Милановиќ изјави дека е потребно да се интензивира економската соработка со Хрватска.Тој додаде дека како млада држава ги посакуваат хрватските инвестиции.
XS
SM
MD
LG